Италија со „зелено“ светло: Ќе има навивачи на стадионот „Олимпико“ за ЕП!
Набргу откако Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ѝ даде рок на Италија да одлучи по прашањето за публиката на натпреварите за претстојното Европското првенство, државниот врв на таа земја објави дека ќе биде дозволено да биде исполнето најмалку 25% од капацитетот на стадионот „Олимпико“ во Рим.
Оваа информација ја потврди министерот за спорт во Владата на Италија, Габриеле Гравина и со тоа донесе добра вест за земјата која повеќе од една година имаше проблеми со пандемијата на коронавирусот.
ЕП во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули оваа година, Рим ќе биде еден од 12 градови домаќини, а токму на „Олимпико“ ќе биде и отворањето со првиот меч помеѓу Италија и Турција. Овој стадион може да собере скоро 73.000 гледачи, а на дуелите на ЕП според најавите ќе биде дозволено да присуствуваат максимум 17.500 луѓе по натпревар.
Актуелен бранител на трофејот е селекцијата на Португалија, која беше подобра од домашната селекција на Франција по продолженијата на последниот континентален шампионат во 2016 година.
Потсетување дека на континенталниот собир ќе настапува и Македонија која своите мечеви од групната фаза ќе ги игра во Букурешт и Амстердам, против Австрија, Украина и Холандија.
Мали проблеми пред Европското првенство, Рим бара малку повеќе време!