Мали проблеми пред Европското првенство, Рим бара малку повеќе време!

Фото: EPA/DEL BO

Рокот кој го даде Европската фудбалска унија (УЕФА) до Рим за прецизно дефинирање на бројот на гледачи кои можат да присуствуваат на натпреварите на Европското првенство на стадионот „Олимпико“ е прекус, изјави во понеделникот лидерот на Националниот здравствен совет, Франко Локатели.

Рим е еден од 12-те градови домаќини на ЕВРО (11 јуни – 11 јули 2021 година), но, италијанската престолнина, како Минхен, Билбао и Даблин, сè уште нема донесено одлука за гледачите.

Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург потврдија дека ќе дозволат одреден број на гледачи да бидат на трибините, додека Билбао, Даблин, Минхен и Рим мораат да дадат информации за нивните планови до 19 април.

– Би било пожелно УЕФА да ни даде малку повеќе време, бидејќи е тешко да се направи прогноза за настаните што ќе се случат за два месеци – изјави Локатели за „РАИ“.

– Сега е тешко да се утврдат проценките и протоколите за процентот на гледачите. Би било подобро доколку прогнозата, која ќе биде во согласност со епидемиолошките случувања, да се направи на почетокот на мај. Како и да е, ќе сториме сè за натпреварите да се одржат во Рим – додаде Локатели.

Претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина е за отворање на стадионот „Олимпико“ со 30%, или околу 20 000 гледачи.

А токму во Рим треба да биде отворањето на ЕП на 11 јуни со натпреварот помеѓу Италија и Турција. На истиот стадион треба да се одиграат и натпреварите Италија – Швајцарија (16 јуни), Италија – Велс (20 јуни) и еден четвртфинален меч.

Претходно беше објавено дека Букурешт, каде што ќе настапува најдобрата македонска репрезентација, ќе дозволи одреден број на навивачи по дозвола на тамошната романска Влада.

Санкт Петербург потврди капацитет од 50 проценти, со можност за зголемување на капацитетот до крајот на април, а Будимпешта има намера да биде домаќин на гледачи со полн капацитет, подложени на строги услови за влез на стадионот. Баку исто така го потврди капацитетот од 50 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот