Италија со план за етапно ублажување на рестриктивните мерки

Четири понеделника по ред ќе го утврдат темпото на деблокада на земјата по изолацијата, воведена на 9 март, за да се спречи ширењето на Ковид-19, пишува весникот „Кориере дела сера”.

Излезот од вонредните мерки поради коронавирусот во Италија ќе биде спроведен во четири фази, при што првата ќе почне в понеделник, 27 април, објавија италијанските медиуми.

Четири понеделника по ред ќе го утврдат темпото на деблокада на земјата по изолацијата, воведена на 9 март, за да се спречи ширењето на Ковид-19, пишува весникот „Кориере дела сера”.

– Се ќе зависи од кривата на зараза, и доколку таа не се зголемува, дел од фабриките ќе можат да продолжат со работа на 27 април, наведува весникот.

Доколку нема изненадувања, градежништвото, текстилната и модната индустрија ќе почнат да функционираат на 4 мај.

Следниот понеделник, 11 мај, ќе се отворат продавници за облека и обувки, проследени со други продажни места.

Во четвртиот понеделник, 18 мај, ќе биде ред за отворање на барови, ресторани и фризерски салони.

Сепак ваквите информации се уште ги нема официјално потврдено италијанската Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот