Истражувањe открива: Кој почесто се здебелува по стапувањето во брак?

Фото: Pexels / Anastasia Shuraeva

Ново истражување утврди кој најверојатно би се опуштил и здебелил по стапувањето во брак. Имено, бракот има значително влијание врз зголемувањето на килограмите на мажите, особено во првите пет години по бракот, покажува истражувањето објавено во стручното списание „Економикс енд хјуман бајолоџи“. Кај жените, не е пронајдена корелација помеѓу бракот и зголемувањето на телесната тежина.

Истражувачите од Кинеската академија за општествени науки анализираа податоци од 10 истражувања за здравјето и исхраната од 1989 до 2015 година. Тие открија дека бракот е поврзан со 5,2 отсто зголемување на доминацијата на дебелина кај мажите и 2,5 отсто зголемување на дебелината.

„Мажите се соочуваат со значителен ризик од дебелеење како што стареат, па по бракот важно е да не се ‘опуштат’ и да продолжат да вежбаат редовно и да јадат здрава исхрана“, вели Шивен Куан од Кинеската академија за општествени науки.

Треба да се има на ум дека стандардите за избор на партнери, свадбени церемонии и распределба на домашните работи по бракот во Кина се значително различни од оние што преовладуваат во западните општества.

„Така, ефектот на бракот врз дебелината може да варира помеѓу кинеската и западната популација“, се заклучува во студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот