Истражување според последните податоци од Европа и САД: Младите не се толку отпорни на коронавирусот колку што се веруваше

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Последните податоци од Европа и САД покажуваат дека младите, полнолетни лица, не се толку отпорни на новиот тип на коронавирус, како што првично се мислеше.

Според податоците на компанијата Статиста, покажуваат дека речиси четвртина од приближно 28.000 заразени во Италија, се на возраст од 19 до 50 години, пренесува Блумберг.

Податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести покажуваат дека од околу 2500 заразени – 705 се на возраст од 20 до 44 години. Од нив, меѓу 15 и 20 проценти се хоспитализирани, а за четири отсто е потребна интензивна нега.

Од друга страна, мал е бројот на млади, полнолетни лица, кои починале од последиците на Ковид-19.

Првите податоци од Кина, каде првпат се појави епидемијата, укажуваа на тоа дека најранлива група се старите лица и оние со хронични здравствени проблеми.

Прочитајте и за новите познати симптоми на Ковид-19 за кои денес се испостави дека се појавуваат во напредната фаза на заразата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот