Истражување: Само шест отсто од директорите во јавните претпријатија се жени

Податоците од истражувањата укажуваат дека во 2018 година само 29 отсто од членовите на управните и надзорните одбори биле жени, а во 2019 овој процент изнесувал 28.

Според анализата на Институтот за демократија, со јавните претпријатија во нашата држава најчесто управуваат мажи, при што само шест проценти од директорите се жени.

– Податоците од истражувањата укажуваат дека во 2018 година само 29 отсто од членовите на управните и надзорните одбори биле жени, а во 2019 овој процент изнесувал 28. Најизразена е состојбата кај директорските позиции, каде што само шест проценти се жени. Ваквата состојба укажува на систематска дискриминација која оневозможува еднаков пристап до раководни позиции во сите области на нашето живеење, истакнуваат од Институтот за демократија  „Социетас Цивилис” – Скопје.

Оттаму потенцираат дека родовата еднаквост значи дека жените и мажите, еднакво треба да уживаат исти права, ресурси, можности и заштита во општеството. На глобално ниво, постигнувањето на родова еднаквост е од приоритетна важност и се користат различни методи за да се урнат сите родовите бариери и сите форми на дискриминација.

– Учеството на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор е од клучна важност, што подразбира и еднаков статус и третман во остварувањето на човековите права и развојот на индивидуалниот потенцијал. Таквата потреба не е исклучена кога се работи и за јавните претпријатија. Праксата во нашата држава покажува дека кога е во прашање управувањето со јавните претпријатија постојат значителни разлики помеѓу жените и мажите, велат од Институтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот