Истражување: Орангутаните развиваат нови начини на комуникација

unsplash

Експертите забележале дека орангутаните кои се наоѓаат во зоолошките градини развиваат нова форма на комуникција.

Способноста да се користат нови изрази за пренесување на содржина е една од основните темели за градање сложен јазик и ретко се забалежуваат во животинскиот свет.

Имено, повеќето животни имаат фиксен сет на пораки чие значење го одредува контекстот – како на пример предупредување за пристигнување на предатор. Се чини дека овие сигнали се вродени, а не научени и еволуирале во телот на долгиот процес на природна селекција, пишува „New Scientist.

unsplash

Продуктивноста е очигледна кај луѓето, а научниците веќе некое време расправаат дали оваа способност е присутна и кај некои видови мајмуни.

Антропологот Марлен Фрохлих и нејзините колеги од Универзитетот во Цирих во Швајцарија се обидоа да одговорат на тоа прашање.

Тие проучувале орангутани во зоолошките градини за да видат дали развиле нови начини на комуникација што не биле видени кај оние кои живеат во дивината.

Зоолошките градини на орангутаните им нудат стабилно, но сосема различно опкружување. Тие немаат проблем со набавка на храна ниту се грижат за предаторите. Во дивината, орангутаните претежно живеат прилично осамени, додека во зоолшките градини тие често живеат во поголеми групи и имаат повеќе социјални интеракции.

unsplash

Фролих и нејзините колеги забележале дека животот во зоолошка градина значително го променил начинот на комуникација на органгутаните.

Тие анализирале повеќе од 8.000 безгласни сигнали користени од 30 орангутани од пет зоолошки градини и 41 орангутани од две различни шуми.

Откако го идентификувале и категоризирале целиот спектар на сигнали, тимот открил дека орангутаните во зоолошките градини користат седум уникатни сигнали, додека оние во дивината имале само еден. Во ексклузивната комуникација во зоолошките градини вклучува и кревање на рака и повторливо плукање вода во лицето.

unsplash

Повеќето сигнали во зоолошката биле користени за покана за игра или за добивање храна кои често биле повторувани се додека не го постигнат посакуваниот резултат.

Студијата обезбедува убедливи докази за иновативноста на комуникациските сигнали меѓу орангутаните. Но, треба да се земат предвид различните потешкотии во набљудувањето на орангутани во дивината, што може да влијае на бројот на забележани иновации“, вели филозофот Кристин Сиверс од Универзитетот Јорк во Торонто.

Студијата наречена „Wild-captive contrasts in non-vocal communicative repertories and functional specificity in orang-utans“ е објавена на серверот за биологија „bioRxiv“ и допрва треба да се ревидира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот