Истражување на кинески епидемиолози: Како и на која оддалеченост се пренесува коронавирусот?

Фото: Профимедиа

Коронавирусот може да преживее во воздухот најмалку 30 минути и да се пренесува на оддалеченост до 4,5 метри во затворен простор – што е многу подалеку од „безбедното растојание“ за кое советуваат здравствните власти ширум светот, покажа истражувањето на тим на кинески епидемиолози, а пренесува српски „Телеграф“.

Истражувачкиот труд, чии автори се здравствени експерти вработени во Кинескиот центар за контрола на болести (ЦДЦ) Луо Каивеи, Хаи Женг и други, објави списанието „The Paper“ со седиште во Шангај.

Во истражувачкиот труд се разгледува можноста на пренос на микроби во затворено опкружение. Во трудот е предстваен случај на група на инфицирани падници во кој еден од патниците, „пациентот А“, како што истражувачите од провинцијата Хунан го нарекоа субјектот во студијата, не носел маска за лице и заразил осум луѓе во климатизиран автобус на 22 јануари.

Истиот ден, 22 јануари, „пациентот А“ влегол во друг автобус во кој заразил уште две лица, вкупно 10. Единаесетото лице било патничка која се инфицирала на половина час откако е заразената личност („пациентот А“) се симнала од автобусот, што сугерира дека вирусот може ефикасно да преживее во затворено климатизирано опкружение најмалку 30 минути и да предизвика болест, наведуваат во истражувањето.

Ху Шишонг, водечкиот автор на студијата, рече дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека „пациентот А“ не комуницирал со други патници за време на четиричасовното патување. Но кога автобусот застанал во следниот град, вирусот се проширил и на други патници.

Меѓу нив биле не само луѓе кои седеле реалтивно близу до пациентот, туку и оние кои седеле оддалечени дури шест реда од него – на речиси 4,5 метри.

Половина час откако „пациентот А“ излегол од автобусот, влегла нова група на патници, а еден од нив седел во близина на местото кадешто седел заразениот. Кај него подоцна исто така е дијагностициран коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот