Истражување: Алгоритмите на Амазон промовираат антиваксерски дезинформации

Амазон, најголемата онлајн продавница во светот, се уште е расадник за теории за заговор против вакцините, а таквите дезинформации влијаат на некои луѓе кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирус, покажува новото истражување на научниците од Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Алгоритмите за пребарување на Амазон промовираат книги што шират лажни тврдења за вакцини над оние што ги демантираат здравствените дезинформации, откриле истражувачите, а кога клиентите ги испитуваат, алгоритмите ги наведуваат на понатамошна дезинформација.

Амазон е „трговија со разновидни здравствени дезинформации“, предупредуваат авторите на студијата, Прерн Јунеја од Факултетот за информатика и професорот Тану Митра, во написот што ќе биде претставен на научна конференција во мај.

Првите осум резултати од пребарувањето вчера за поимот „вакцина” во онлајн книжарницата на Амазон беа книги против вакцините, вклучувајќи ја и книгата Anyone Who Tells You Vaccines Are Safe and Effective is Lying на британскиот теоретичар на заговор Вернон Колман и книгата The Vaccine-Friendly Plan на лекарот Пол томас од Орегон.

На Томас му беше одземена лиценцата минатата година поради доведување во заблуда  на родители за безбедноста на вакцините и недоволната вакцинација на пациентите, што доведе до тоа едно дете да добие тетанус и да помине 57 дена во болница.

Амазон неодамна постави банер со врска до страницата за факти на федералната влада за вакцините за Ковид-19 над резултатите од пребарувањето за клучниот збор „вакцина”.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот