Истражувачката мрежа Крик тврди: Србија набавила од Македонија лажни холандски тестови

Милован Бојиќ, директорот на Институтот за кардиваскуларни болести „Дедиње“ во Белград од компанија во Македонија набавил брзи тестови за коронавирус „Биозек“ кои лажно се декларирани како холандски, а се произведени во Кина, пишува новинарската мрежа „Крик/ОЦЦРП“.

На почетокот на април во овој Институт, во кој се згрижени тешки пациенти со болести на срцето, со коронавирус се заразија најмалку 80 луѓе, од кои 67 вработени и 14 пациенти. Српската јавност бараше одговорност за оваа негрижа, но до ден денес случајот е забошотен.

Набргу по избивањето на скандалот директорот Бојиќ соопшти дека ќе набави брзи тестови и дека ќе биде тестиран секој што влегува во болницата.

„Два дена подоцна институтот „Дедиње“ купил 300 тестови „Биозек“ од приватна компанија од Северна Македонија, за вкупна цена од 3.000 евра, може да се види во фактурата до која дошле новинарите на „Крик/ОЦЦРП“.

„Проблемот е во тоа што овие тестови се лажно декларирани како холандски производ, не се веродостојни за детектирање на вирусот и компанијата од која ги набавил директорот на „Дедиње“ е во сопственост на македонски бизнисмен кој е под истрага за криминал, пишуваат авторите на истражувањето.

Истата истражувачка мрежа минатата недела објави истражување во кое се тврди дека тестовите „Биозек“ што ги продава холандската компанија „Инзек интернешнал трејдинг БВ“, се всушност произведени од кинеската компанија „Хангжу алтест биотек Ко. Лтд“ и во Кина се продаваат под името „Алтест“. Во Македонија овие тестови се продаваа по цена од 20 евра, според фактурата, во Србија се продадени по 10 евра, а истражувачите на Крик тврдат дека нивната цена на големо е 4 евра за еден тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот