Истражителите ги земаа видео записи од камерите во „Глобал“

Издадени се и наредби за вршење на оперативни проверки и прибирање информации од лица кои имаат сознанија во врска со настанување на пожарот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10 часот утринава го започна увидот во трговскиот центар „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар.

„Неопходни услови за вршење на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на вчерашниот ден. Надлежен јавен обвинител увидот го врши во координација со увидна екипа од крим техника МВР и СВР Струмица, а обвинителството повика и вешти лица за пожари и експлозиви и за електрика со цел утврдување на причините за настанатиот пожар. Воедно, повикани се и вешти лица од областа на градежништвото и архитектурата, како и од материјално финансиско работење со цел утврдување на видот и висината на настанатата штета“, соопшти Основното јавно обвинителство.

Јавниот обвинител издал наредби за подигање на траги од лице место и нивно натамошно вештачење, како и за одземање на видео записи – ресивери од видео камерите поставени во трговскиот центар. Издадени се и наредби за вршење на оперативни проверки и прибирање информации од лица кои имаат сознанија во врска со настанување на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот