Историски мировен договор во Судан: Прв чекор кон прекин на 17-годишниот конфликт

Протести во Судан
Протестите во Судан/ Фото Архива на СП

Суданските лидери и бунтовнички команданти се согласија за историски мировен договор – важен прв чекор кон прекин на 17-годишниот конфликт, пренесува Ал Џезира.

Водачите на Суданскиот револуционерен фронт (СРФ), организација која ги поддржува бунтовничките групи во западниот регион Дарфур и јужните држави Јужен Курдуфан и Синиот Нил, ги кренаа тупаниците во знак на прослава по потпишувањето на договорот.

Договорот постигнат во главниот град на соседен Јужен Судан е „постигнат”, но не потпишан како начин да се остави вратата отворена за две клучни бунтовнички групи да се приклучат на „конечниот” договор, соопштија властите.

Конечната верзија на договорот се однесува на безбедноста, приватниот имот, транзициската правда, поделбата на моќта и враќање на луѓето кои ги напуштиле своите домови поради војната.

Предвидува и распуштање на бунтовничките сили и интеграција на нивните борци во националната армија.

Договорот е значаен чекор на преодната влада во надминувањето на многу длабоки граѓански конфликти.

Според Обединетите нации, во Дарфур во 2003 година околу 300 000 луѓе биле убиени од бунтовниците.

Конфликтот во Јужен Кордофан и Синиот Нил избувна во 2011 година, по нерешените борби во граѓанската војна во Судан (1983-2005).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот