Историја во Мадрид: Модриќ од денес пред Роналдо

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ако против Мајорка од 14:00 часот во рамките од 20. коло во Ла Лига запише барем една минута ќе испише нова историја во еден од најголемите клубови во светот.

За Модриќ ова би бил 439. настап во дресот на „кралевите“ со што го прескокнува Роналдо на 19. место на листата фудбалери со најмногу настапи за Реал Мадрид.

Треба да се знае дека само тројца странци во историјата на Реал Мадрид имаат повеќе настапи од Модриќ и тоа се Бензема (607), Марсело (546) и Роберто Карлос (527).

Наскоро Хрватот може да дојде и до својот 22. трофеј како играч на Реал и тоа на Светското клупско првенство. Во таа категорија пред Модриќ исто така би имало само тројца: Марсело (25 трофеи), Паоло Генто (23) и Карим Бензема кој во овој момент има 22 и овој трофеј би му бил 23-ти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот