„Иста судбина“ е името на првата заедничка песна на Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова

Instagram
Instagram

За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.

Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика и песни.


Сузана на оваа тема на својот инстаграм – профил напиша:

„Вистинскиот пријател не мери кој колку пати се јавил… Вистинскиот пријател не замерува кога те нема некое време… Само се грижи за тебе… Вистинскиот пријател има разбирање дека ти е потребно време и за други пријатели, без притисок дека мораш да се вклопиш во сите негови замисли и желби… Вистинскиот пријател не те повредува, контролира, уценува и суди… Затоа и не може секој да биде ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ…Да живеат вистинските пријатели“, стои во објавата на Турунџиева.

Таа исто така преку својот инстаграм – профил најави и дека се работи на последните подготовки пред официјалната промоцијата на нивната заедничка песна која ќе го носи насловот „Иста судбина“.

Песната официјално ќе биде промовирана оваа сабота во Штип од 18.00 часот во „Дом на млади“, каде Сузана и Атиџе се најавени како специјални гости.

ВИДЕО | Атиџе од „Медена земја“ за првпат во 57 години ги дувна роденденските свеќи: Со Сузана Турунџиева ќе слават три дена

ФОТО | Сузана Турунџиева за Атиџе од „Медена земја“: „Таа е океан… Не се обидувај да ја сместиш во чаша за вода“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот