Исповед на Лиса Баута Шаќири: Од антиваксер станав поборник за вакцинација, сега не е време кога човек треба да мисли само на себе

Лиса Баута Шаќири / Фејсбук
Пред 10 години очи ќе извадев на секој кој ми кажуваше дека треба да си вакцинирам 24 часа старо бебе со вакцина против Хепатит Б и БСЖ вакцина. Денес, после 10 години не сакам да слушам никакви теории за вакцини, пишува активистката Лиса Баута Шаќири, м-р по правни науки, во јавноста позната и како ќерка на некогашниот фудбалски судија Беким Баута и сопруга на пејачот Бени Шаќири, кој ви го пренесуваме во продолжение:

„Денес, после 10 години не сакам да слушам никакви теории за вакцини. Доволно сум мудра и паметна за да знам дека сум тапа за наука за која некој поминал 20 години во лабораторија, и некој кој последниве, речиси две години, не видел сонце работејќи на мисијата за спасување на светот.

Јас, еден од најстарите активисти против присилна вакцинација се вакцинирав. Прележав Ковид уште лани, фала Богу никого не заразив и до скоро имав антитела…

Одлуката да се вакцинирам не ја донесов за да се заштитам себеси, мојот организам одлично се бореше против Ковид и сигурна сум дека дури и да се заразев повторно, исто така добро ќе поминев. Но, сега не е време кога човек треба да мисли само на себе!
Не се вакцинирав ниту за да си го заштитам семејството – 90% сме или вакцинирани или прележани.
Се вакцинирав за да ги заштитам кревките луѓе, знајни и незнајни, кои поради здравствени причини не можат да се вакцинираат. Тие со автуимуни заболувања, тие со малигни болести, сите тие кои се борат секој ден со пострашни болести од вирусов.

Се вакцинираав за да има еден извор помалку.
Се вакцинирав затоа што тоа го го должам на секој од вас, на човештвото, и на Бога кој ме наградил со добро здравје.

Секако, вакцинираните имаат можни нус појави, исто како и секој лек. Свесно дозволив да влезе игла во мене, за да не влезе вирус во тебе. Можеби оваа моја вакцина нема да ме заштити ни мене ни тебе, ама јас ќе спијам мирно затоа што сум презела се’ што можев за да спречам… другото е виша сила.

Имам доблест да признаам дека понекогаш, кога околностите се менуаат, знам да потклекнам. Поради истата причина чувствувам гордост што научив да прифатам дека не секогаш сум во право.

Без разлика дали сте за или против вакцини, секогаш пресметајте го ризикот. Јас сум убедена дека ризикот од Ковид за целото општество е поголем од ризикот за мене од една вакцина“, пишува Лиса Баута Шаќири во нејзината фејсбук-објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот