Исплива ценовникот на Тијана Ајфон: Заработува и по 1.000 евра за една ноќ, а сталните муштерии добиваат попуст

Instagram

Српската старлета Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон беше уапсена во полициска акција поради проституција, додека илегално во чамец се обидела да ја помине границата преку Дрина со уште три девојки, пренесе српски Блиц.

Тијана е позната во круговите на таканаречената „турбо проституција“, во која се вртат вртоглави цифри. Услугите ги наплаќа според формиран ценовник, а за постојаните муштерии дава попуст.

Блиц дознава дека за еден ден заработува 700 евра, а за една ноќ околу 500 евра. Тоа и е основниот ценовник кој се менува во однос на тоа дали работата е во Србија или надвор од границите, дали учествуваат повеќе девојки и мажи, дали се работи за стални муштерии…

Instagram

„На пример, кога работи во Црна Гора седум дена, наплаќа 2.250 евра за цела недела. Но бара сместување и превоз на високо ниво и вечери за време на престојот. Од подароци прифаќа сè, злато, скапи ташни, чевли и телефони“, рекол извор за српските медиуми.

Тијана им помага и на другите девојки да добијат работа по нејзина препорака.

„Но кога организира други девојки, старлетата ја зголемува цената поради групните односи. Во торбата носи сексуални помагала и дополнителните „игри“ ги наплаќа двојно, дури и до 1.000 евра, ако муштериите имаат бујна фантазија“, објаснил изворот.

Да потсетиме, заедно со Тијана се уапсени уште неколку луѓе, кои освен за проституција се товарат и за злоупотреба на дрога и користење оружје. Во објектот во кој упаднала полицијата затекнати се 26 мажи и девет девојки.

Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот