Испитувањата дале охрабрувачки резултати: Французите се блиску до откривање на лек за коронавирусот

Фото: Профимедиа

Во исчекување на вакцина, која единствено медицински може да го ослободи светот од опасноста на коронавирусот, француското Министерство за здравство издаде соопштение во кое се истакнува дека за првпат третман во истражување покажал „охрабрувачки резулати“, а станува збор за лекот – тоцилизумаб.

– Констатирано е дека пациентите кои се третирани со тој лек покажале помала потреба за респиратори и има помал број на смртни случаи за време на двонеделното следење. Тоа е прв лек со забележани значајни ефекти за време на едно клиничко испитување, се истакнува во соопштението.

Испитувањето е извршено во рамки на францускиот Национален институт за здравје и истражување, а биле покренато после заклучокот дека организмите инфицирани со Ковид-19 понекогаш лачат молекули кои фаворизираат воспаление, пренесуваат медиумите.

Од министерството порачале дека овие „први охрабрувачки резулати“ ќе бидат објавени после мислењето на стручниот комитет. Исто така се додава дека се потребни додатни испитувања за да се потврди интересот за овој третман.

„Тоцилизумаб“ е прв лек кој добил вака охрабрувачки официјални резултати. За сите останати третмани, вклучувајќи го и хлорокинот претходно било одобрено да се користат со строга лекарска контрола, но без вакви експлицитни ставови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот