Исмаил за случајот со Пауновски: Станува збор за политика на Владата

Еден од основачите на СДСМ, Ѓунер Исмаил во своето вечерашно гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21 го искоментира случајот со сега веќе поранешниот директор на Државниот пазарен испекторат, Стојко Пауновски.

– Г-дин Пауновски зборува за професионалност, што е сосема во ред, и ако темата беше професионална администрација апсолутно е нешто што мора да се поддржи како многу правилен исправен став, но темата тука не беше професионалност, тоа е последната тема што во овој случај треба да дојде на дневен ред, истакна Исмаил.

Тој вели дека ако се зборува за професионалноста при работата на Пауновски нема ниту една запирка или забелешка.

– Тука станува збор за политички случај, за политика на Владата која се обидува да разреши еден од најголемите проблеми на оваа земја – јавната администрација, порачува Исмаил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот