Исмаил Кајани именуван за нов командант на единицата „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Касем Сулејмани беше убиен во петокот по наредба на претседателот на САД, Доналд Трамп. Новиот командант досега бил земеник на Сулејмани, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Врховниот водач на Иран, Али Хамнеи, го именуваше генералот Исмаил Кајани како нов командант на единицата „Кудс” на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), по убиството на досегашниот ирански генерал Касем Сулејмани.

Касем Сулејмани беше убиен во петокот по наредба на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Новиот командант досега бил земеник на Сулејмани, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Тој исто така бил предводник на Бригадата Наср-5 и Имам Реза-21 во текот на војната Иран- Ирак.

Инаку Пентагон го обвинуваше Сулејмани дека планира да изврши напади врз американски дипломати и персонал во Ирак и во регионот, тврдејќи дека убиениот водач е одговорен за смртта на стотици Американци.

Генералот Сулејмани важеше за близок соработник на иранскиот верски водач, ајатолах Али Хамнеи и се сметаше за можен иден ирански лидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот