Исланд е првиот противник на Македонија на патот кон баражот

фото: РФМ

Денеска со почеток од 17.00 часот нашите најдобри ракометарки ќе го играат првиот натпревар од квалификациите за пласман во баражот за пласман на Светското првенство.

Во квалификациската група се наоѓаат уште селекциите на Литванија и Грција кои ќе се соочат од 19.00 часот.

Сите мечеви ќе се играат во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ – Скопје,  апрвопласираните две репрезентации ќе го обезбедат мундијалскиот бараж.

В сабота од 17.00 часот избраничките на селекторот Симе Симовски ќе играат со Литванија, а в недела во истиот термин против Грција.

За денешниот меч против исландските ракометарки Симовски на располагање ќе ги има: Стојковска, Гакидова, Боризовска, Џатевска, Тасевска, Ѓорѓиевска, Серафимова, Мицевска, Јовановска, Кипријановска, Ристовска, Ливриниќ, Стојановска, Дабевска, Гичевска, Николиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот