ИСИЛ ја презеде одговорноста за масакрот во Москва

Исламската држава преку својот канал на социјалната мрежа „Телеграм“ презеде одговорност за денешниот масакар кој се случи во концертна сала во Москва.

Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во близина на Москва загинаа најмалку 40 луѓе, а повеќе од 100 се ранети.

Неколку лица отвориле оган од автоматско оружје врз цивили во фоајето на салата. На местото на настанот пристигнале 50 возила на брза помош и специјалци од Националната гарда.

Салата се уште гори, специјалци упаднале во неа, а покривот се урнал.

Украина претходно негираше вмешаност во нападот, но рече дека Русија ќе го искористи за понатамошна ескалација на војната и мобилизација.

Стигнаа и првите реакции од Белата куќа, која исто така негира вмешаност на Украинците, но и од Кремљ, кој соопшти дека претседателот „веќе ги издал сите потребни наредби“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот