Исчистете ги дишните патишта со чај од оригано

Profimedia

Ориганото многу често се користи како зачин и додаток во јадењата, но многумина не знаат дека оваа зачинска билка има и неверојатни лековити својства.

Ова растение во народната медицина се користи како антибиотик и како лек за решавање на респираторните тегоби. Иако оваа билка најмногу се користи за подготовка на лекови за чистење на дишните патишта и исфрлање на секретот од белите дробови, ова не е единствената лековита моќ што ја поседува.

Поради моќните антибактериски и антивоспалителни својства кои ги има ориганото, може да послужи во лекување на голем број заболувања.

Покрај тоа, во составот на ориганото, концентрирани се и витамините А, Ц, Е и К, како и растителни влакна, но и калциум, манган, магнезиум…

Лековитите својства на ориганото досега се докажани и во голем број научни студии.

Ова растение најчесто се употребува како зачин, но доколку сакате да почувствувате подобрување на целокупното здравје, особено ако сакате да ги решите здравствените проблеми поврзани со дишните патишта, обидете се барем еднаш дневно да се напиете по 200 милилитри чај од оригано.
За да го подготвите чајот од оригано, 40 грама суво оригано треба да го попарите со 200 милилитри врела вода. Кога ќе поминат околу 10 минути, исцедете го чајот и испијте го со една лажица мед.

За побрзо и полесно прочистување на дишните патишта и регенерација на белите дробови, чајот од оригано можете да го пиете во комбинација со чај од мајчина душица.

Освен за решавање на проблемите со дишните патишта, редовното консумирање на ориганото, може многу да ви помогне и во решавањето на здравствените проблеми, какви што се артритис, болки во мускулите, појава на акни, надуеност и главоболка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот