Исчезна главната уредничка на независната белоруска агенција БелаПАН

Протести во Белорусија против претседателот Лукашенко/ Фото: EPA-EFE/WOJCIECH OLKUSNIK POLAND OUT

Главната уредничка на една од водечките независни новинарски организации во Белорусија, Ирина Левшинa исчезна, откако полицијата во текот на ноќта извршила претрес во нејзиниот дом, соопштија денес од новинарското здружение, пренесува Ројтерс.

Од новинарската агенција БелаПАН не успеале да дојдат ни до Ирина Левшин, ни до нивниот репортер, Захари Шчебаков, се наведе во соопштението.

Новинарското здружение извести дека најмалку 30 белоруски новинари се во затвор и дека полицијата спроведува околу 50 одделни кривични истраги против медиумските работници.

Претседателот Александар Лукашенко води голема борба против активистите и медиумите, спроведувајќи бројни претреси во домовите и апсејќи голем број на активисти, кои пишувале или ширеле негативи критики за неговото владеење.

Белорускиот режим ја засили „чистката“ од активисти и медиуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот