ИРЛ: Сопругата советничка на Заев, сопругот во поход во медиумскиот бизнис

Една година пред парламентарните избори почна раздвижување на медиумскиот пазар. Секојдневно се појавуваат нови информативни интернет портали, чии сопственици никогаш не биле дел од медиумскиот бизнис, ниту пак кадарот доаѓа од новинарската фела. Непознати имиња стојат во импресумот на некои портали, а има и такви кои немаат никаква информација кој е сопственик, иако според текстовите може да се насети од која „политичка кујна“ излегуваат, открива Истражувачката репортерска лабораторија Македонија.

ИРЛ информира дека неодамна, на пазарот се појави нова фирма „Нет медиа груп“, која е основана на 5 август, а дејноста е интернет портали. Сопственик на компанијата е Владимир Кошевалиски, лице познато во медиумскиот бизнис како поранешен прв сопственик на весникот „Слободен печат“. Кошевалиски досега купил два интернет портала – Локално.мк и Стандард.мк. Во најава е и Ипортал.мк, кој ќе стане дел од групацијата „Нет медиа груп“. Името „Нет медиа груп“ веќе е впишано во импресумите на Локално и на „Стандард“.

Кошевалиски, инаку сопруг на Иванна Хациевска, советничката на премиерот Зоран Заев, потврдил дека станал сопственик на двата портала и рекол нема да застане во окрупнувањето на неговата медиумската мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот