Ирина Шајк повторно вљубена (ФОТО)

На настанот на брендот „Furla“ пристигна држејќи се за рака со висок маж со црна коса.

Руската манекенка Ирина Шајк, каде и да се појави предизвикува големо внимание кај медиумите и фановите, но овој пат имаше дополнителна причина за тоа.

Откако неодамна на гламурозната забава на „Vogue“ по доделувањето на „BAFTA“ наградите поттикна разговори дека сепак не го расчистила односот со поранешниот сопруг Бредли Купер до крај, манекенката е видена во друштво на непознат маж.

На настанот на брендот „Furla“ познатата Русинка пристигна држејќи се за рака со високмаж со црна коса.

инстаграм

Неодамна изјави дека на својата љубовна врска со Купер и ставила крај за сите времиња, но не открила дали во нејзиниот живот дошол нов маж, поради што постои веројатност придружбата на убавата Русинка воедно да е и нејзиниот нов избраник.

По прекинот на долгогодишната врска со Бредли, Ирина во целост и се посвети на двегодишната ќеркичка, но тоа не значи дека ја запоставила кариерата. Славната манекенка работи со полна пареа, а последната ревија на која учествуваше беше ревијата на брендот „Missoni“, на актуелната Недела на модата во Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот