Ирец приведен поради „лумпување“ во ресторан

Фото: Архива на Слободен печат

Во текот на вчерашниот ден некаде околу 17.50 часот во Полициската станица Центар бил приведен  В.М.С.(31) од Република Ирска.

Причината за тоа е што во угостителски објект на „Кеј 13-ти Ноември“ го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, ги вознемирувал присутните гости, а агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои излегле на местото на настанот.

По целосно докуменитрање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот