Иран Фото: ЕПА

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет услови за градење доверба, објави денеска новинската агенција Фарс, повикувајќи се на добро информиран извор, пренесува Анадолија.

Изворот рече дека Техеран ги смета тие услови за „минимални гаранции“ потребни за започнување на какви било нови преговори со Вашингтон.

Според извештајот, условите на Иран вклучуваат „крај на војната на сите фронтови, особено во Либан“, укинување на санкциите, ослободување на замрзнатите ирански средства, надомест за воена штета и признавање на суверените права на Иран над Ормускиот Теснец.

Според извори, Иран ги информирал пакистанските медијатори дека продолжувањето на американската поморска блокада во Арапското Море и Оманскиот Залив по прекинот на огнот дополнително ја зголемило недовербата на Техеран кон преговорите со САД.

Во извештајот се додава дека условите се дефинирани исклучиво во рамките на создавање минимална доверба за враќање на преговорите и дека Техеран верува дека новите преговори не можат да започнат без нивна практична имплементација.

Фарс наведува дека Иран презентирал пет услови како одговор на она што го тврди како американски предлог од 14 точки.

Во извештајот се истакнува дека американскиот предлог бил „целосно едностран“ и имал за цел да постигне цели што Вашингтон не успеал да ги постигне за време на војната.

САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, по што Техеран возврати со напади врз Израел и сојузниците на САД во Заливот и го затворија Ормутскиот теснец.

Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април со посредство на Пакистан, но разговорите во Исламабад не доведоа до траен договор. Примирјето подоцна беше продолжено на неодредено време од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во неделата, Иран му испрати на Пакистан одговор на предлогот на САД за прекин на војната, но Трамп го отфрли како „целосно неприфатлив“.

 

 

Ја презедовме нафтата, ние сме како пирати, вели Трамп по запленетиот брод на Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот