Иран почна збогатување на ураниум до 20 проценти

Ураниум: Фото: ЕПА

Иран повторно почна да збогатува ураниум до 20 проценти во подземниот нуклеарен комплекс Фордо, соопшти иранската Влада.

– Пред неколку минути почна процесот на збогатување на ураниум до 20 проценти во компексот Фордо –  изјави портпаролот на иранската Влада.

Тоа е спротивно на Договорот постигнат во 2015 година од кој се повлекоа САД и Иран и најверојатно ќе наштети на плановите на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден Вашингтон повторно да ги почитува преземените обврски од Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

На 1 јануари Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека била информирана дека Иран планира повторно да збогатува ураниум до 20 проценти во Фордо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот