Иран наскоро ќе стане нуклеарна сила?

Знаме на Иран / Фото: МИА

 Иран е многу блиску до можноста да развие нуклеарно оружје, изјави за „Тајм” генерал Кенет Мекензи, шеф на Централната команда на САД, неколку дена пред продолжувањето на преговорите во Виена за иранскиот нуклеарен договор.

 

-Овој пат тие се многу блиски. Мислам дека им се допаѓа идејата да можат да го направат тоа, рече Мекензи во интервјуто.

Од април во Виена се водат преговори за да се спречи целосниот неуспех на нуклеарниот договор со Иран од 2015. Шестиот круг преговори заврши на 20 јуни, но оттогаш преговорите се во ќорсокак.

По неколкумесечната пауза преговорите продолжуваат на 29 ноември, а на барање на иранската страна САД нема да учествуваат во оваа рунда.

Иако американските дипломати во моментов играат водечка улога во разговорите, Мекензи кажа дека Централната команда има различни планови кои би можеле да се спроведат доколку Иран се здобие со нуклеарно оружје.

Мекензи проценува дека на Иран ќе му треба нешто повеќе од една година за да развие нуклеарна боева глава што може да се прикачи на еден од неговите арсенали од 3.000 балистички ракети.

-Во последните години, Иранците успеаја да создадат ракети со висока прецизност, истакна тој.

„Овие проектили паѓаат на десетици метри од нивните цели. Единственото нешто што Иранците го направија во последните три до пет години е изградба на многу способна платформа за балистички проектили”, се наведува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот