Скендер Реџепи Фото: Фејсбук

ИНТЕРВЈУ | Скендер Реџепи: Скопје е поделен град

Скендер Реџепи Зејд е кандидат на коалицијата на Националната алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, за функцијата градоначалник на Скопје.

Во интервјуто за „Слободен печат“, Реџепи вели дека градот има потреба од „нова епоха“, за да Скопје започне да им припаѓа на сите свои граѓани. Кандидатот за градоначалник е свесен за загадувањето и за сообраќајниот хаос, како и тоа дека градот предолго време жртва на политиката и тесни партиски интереси.

Тој ветува модерно и рамноправно Скопје.

Зошто се кандидиравте за градоначалник на Скопје?

Сосема свесен за сите предизвици и предрасуди, и исто така свесен дека градот веќе неколку години е заложник на неспособноста и инатењето, се кандидирав за да понудам реална и изводлива програма затоа што Скопје има потреба од нова епоха, нова понуда за град кој ќе им припаѓа на сите подеднакво. Денес Скопје е поделен, неправеден и жртва од политиката на тесни партиски интереси.

Затоа, длабоко верувам клучот на успехот е во рамноправно и модерно Скопје, каде што секој граѓанин – Албанец, Македонец, Турчин, Ром, Србин или Бошњак – ќе се чувствува почитуван и претставен. Ова е граѓанска визија за праведен, зелен и дигитален град, кој ќе биде пример за европски соживот и еднакви можности.

Што би промениле во градот?

Нашето Скопје е заглавен во целосен хаос, и освен со сите потешкотии што секојдневно се ссоочуваат граѓаните, истовремено е и грда слика и за дипломатските претставници и туристите кои секојдневно го посетуваат градот.

Најнапред, би ја променил филозофијата на локалното управување. Затоа, првенствено би спроведувале целосна дигитализација на градската администрација: сите дозволи, такси и услуги ќе бидат достапни онлајн, без редови и бирократија.

Второ, ќе се врши рамномерна распределба на инвестициите со што би ставиле крај на политиките што развиваат само еден дел од градот.

Ќе создадеме зелени коридори и „Грин ринг“ околу Скопје, сензори за воздух, вода и паркинг, рециклажни станици, електричен јавен превоз и посебна грижа за периферните населби кои со години беа запоставени.

Каков е вашиот план за сообраќајниот хаос во градот?

Сообраќајниот хаос се решава само со паметно планирање. Програмата „Рамноправно и модерно Скопје“ предвидува: нов јавен транспорт со електрични и еко-автобуси, посебни линии за автобусите, физибилити студии за воведување на трамвајска линија низ главните булевари, интелигентни семафори со звучен сигнал и сензори за проток, посебни велосипедски и пешачки зони и апликација „Скопје 311“ преку која граѓаните ќе пријавуваат застои и проблеми во реално време. Целта е Скопје да стане град каде што се движиме полесно, побезбедно и со помалку загадување.

Скопје има огромен проблем со загадувањето. Како да се реши овој проблем?

Загадувањето е најголем непријател на здравјето на граѓаните. Нашиот план има четири столба:

1. Во јавниот превоз, истошените автобуси да се сменат со еко-автобуси и електрични автобуси, истотака да се субвенционираат и приватните превозници со еко автобуси.

2. Енергија и греење – поддршка за соларни панели и ефикасни системи за греење во домаќинствата.

2. Зелени површини – засадување над 100.000 дрвја во следните четири години и создавање „зелен ѕид“ околу градот.

3. Контрола и транспарентност – поставување на мрежа на дигитални сензори за ПМ2.5 и ПМ10 честички, чии резултати ќе бидат јавно достапни. Сакаме Скопје да стане град со чист воздух, здрав живот и зелена иднина.

Постојано велите дека по локалните ќе следуваат вонредни парламентарни избори. Дали сте сигурен во победата на Националната алијанса за интеграција на претстојните избори?

Како прво, жалосно е што за локални избори се наметнаа политички теми од национален караактер. Но, дискурсот на националистичка политичката агенда ја воведе токму Владата, која за нас е Влада со недостаток на легитимитетот на победниците кај албаанскиот политички корпус,и којашто во недостиг на решенија за конкретни стратешки политички одлуки, секојдневно се занимава со етнички прашања на штета на албанците, и истата наметна и политичка реторика која ги надмина локалните избори.

Затоа убедени сме дека Националната Алијанса за Интеграција, аполутно ќе победи на овие локални избори,бидејќи при ваква наметната изборна реторика, етничките албанци токму преку нашата коалиција, ќе ги препознаваат одбраната на уставните загарантираните права, со што масовно ќе не подржат на овие избори, и што ќе придонесе до продлабочиување на изборната победа со тоа и на албанскиот етнички легитимитет, и сходно на тоа, нееминовни ќе бидат предвремените парламентарни избори, бидејќки тие не зависат од желбата на премиерот, туку од одлуката што на овие локални избори ќе ја донеса граѓаните, посебндо албанците.

Што ќе претставува победа на локалните избори? Број на освоени градоначалнички места или број на освоени советнички места?

За нас, победата не се мери само со бројот на градоначалници иако со сигурност се знае дека скоро сите албански општини ќе ги добие НАИ, но вкупните бројки за градоначалници не може да се земаат како мерило на политичка сила, оти за градоначалник гласаат и граѓани од други политички партии, затоа реалната победа во бројки ќе се гледа по бројот на граѓани којаа гласале за советнички листи, бидејќи токму советничките листи се вистинско мерило за политичката сила на секоја политичка партија или коалиција.

Затоа, бидете сигурни дека и на ниво на градоначалници, тако и на ниво на советнички листи НАИ ќе издвоји целосна победа, што и ќе ја отсликува и реалната политичка зрелост кај албанците, посебно кога се во прашање одредени етнички вредности.

Премиерот Мицкоски ве обвинува за тајна коалиција со СДСМ и со Левица. Доколку вие не влезете во вториот круг од градоначалничките избори, кого од останатие кандидати би поддржале?

Тоа се тие политички трикови и манипулации кои ги користи Владата и pремиерот кои освен во задолжување на држават, немаат баш никакви решенија за главните проблеми во земјата, како од внатрешен план, така и во свера на надворешната политика, како и целосниот застој наа чекорењето кон ЕУ.
Ние ниту имаме потреба од било какви тајни коалиции, ние имаме имаме отворена коалиција со граѓаните., кои и ќе ни ја дадат целлосната потребна политичка и изборна подршка.
Јас длабоко верувам дека ќе бидам во вториот круг, и тоа разгедајќи ги сите можни сценарии, во секоја една подршката на граѓаните ќе биде максимализирана, првенствено кај албанците, но искрено веруам дека и голем број македонци ќе ги препознаваат вредностите на нашата т.е. мојата програма за „Еднакво и модерно Скопје“.
Но сепак, и при хипотетичко прашање, доколку не бидам во втор круг, одлуката околу евентуалната подршка на било кој кандидат, би била донесена накнадно по консултации во нашата коалиција, иако лично сметам дека таквата одлука треба да се остави на лична определба на сите граѓани кои во првиот круг ме подржиле мене и нашата програма и визија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот