ИНСТАТ: Албанија со рекорден број на туристи во периодот јануари-август 2023 година

Албанија оваа туристичка сезона достигна рекордни бројки, каде илјадници странци ги запознаа чудесните убавини на земјата. Според ИНСТАТ, пристигнувањата на странски државјани за првите 8 месеци од годинава достигнале речиси 7,2 милиони лица, што значи зголемување од 26,9 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Само во август, кој е шпиц на туристичката сезона, во земјава влегле околу 2 милиони странски државјани или 18,3% повеќе од август минатата година.

Во текот на август 2023 година, кога имало голем прилив на туристи, кои главново се сместувале во крајбрежните области на Албанија, најголем број биле од Европа со 1.951.489 граѓани. По Европа следуваат Америка и Источна Азија.

Граѓаните од Косово и понатаму се најбројни туристи со околу една третина од посетителите. Годинава, за прв пат, Италијанците се најдоа на второ место со околу 10%, а потоа следат другите земји од регионот, Црна Гора и Северна Македонија. Од друга страна, во текот на овие осум месеци, излезот на Албанците во странство е зголемен за 18,9%. Во овој период државата ја напуштиле 4.577.753 Албанци.

Според ИНСТАТ, бројот на заминувања на албански државјани од територијата на Албанија во текот на месец август 2023 година изнесува 842.940 и во однос на истиот период од 2022 година е зголемен за 8,9%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот