ИНСТАГРАМ ИЗГОРЕ | Италијанските пејачи Махмуд и Бланко позираа угол голи со гулабици на рамо

Махмуд и Бланко/Instagram
Махмуд и Бланко/Instagram

Дај му на човек гол човек, и ќе му видиш вистинска реакција.

Така некако и инстаграм заедницата побудале во последниве неколку часа, откако 120 илјади луѓе за само 10 минути ја лајкнаа објавата на италијанскиот пејач Махмуд.

Двојниот победник на Сан Ремо, и претставник на Евровизија за Италија во 2019, објави фотографија од новата насловна на италијанскиот Vanity Fair. На фотографијата е потполно гол, а со него е пејачот Бланко, со кого заедно победија на Сан Ремо.

Со рацете тие ги прикриваат најинтимните делови од телото, а на рамениците им стојат бели гулаби. На објавата стои напишано:

„Новиот свет пристигна“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mahmood (@mahmood)

Баладата „Brividi“, која Махмуд и Бланко ја исполнија е песна за преставување на Италија на овогодинешната Евровизија,  и победи на 72 по ред изданието на фестивалот за италијански песни.

Махмуд и Бланко
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Во меѓувреме, на фотографијата има едночудо лајкови, преку 500 илјади за само неколку часа. Но, не само лајкови – туку и емотикони оганчиња и срциња од брдо обожаватели и обожавателки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот