масло од канабис марихуана
Илустративна фотографија: Масло од канабис / Фото: Andre Malerba / Zuma Press / Profimedia

Инспекторите ќе вршат вонредни контроли на сите фирми за медицински канабис

Вонредни контроли ќе се спроведуваат на сите фирми за производство на медицински канабис, одлучи Владата на денешната седница.

– Владата ги задолжи институциите во рамки на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдени мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на државата и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата – соопшти портпаролката на Владата, Венера Азизи.

ВИДЕО | Мицкоски и Тошковски ја покажаа запленетата марихуана: „Овој биснис веќе не се исплати“

Владата ќе ги именува и членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги.

– Од 2017 година, откако е формирана, комисијата воопшто не била активна и нема резултат. За таа цел, Владата во иднина ќе бара редовни извештаи – нагласува Азизи.

За потсетување, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција сè уште утврдува евентуална поврзаност на 40-те тони запленета марихуана во Македонија со петте тони што беа најдени во Србија и сè уште го утврдува потеклото на дрогата.

Јавниот обвинител сослушува сведоци и прибира докази релевантни за постапката, соопштија вчера од Обвинителството.

ВИДЕО | Српската полиција откри пет тони марихуана во Шумадија – најголема заплена во историјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот