Инклузивен проект на Националната галерија: Креативен начин за прифаќање на лицата со аутизам

Национална галерија на РСМ секоја година во април се приклучува во одбележувањето на месецот посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам.

– Оваа година, во соработка со Гимназијата „Алгоритам“, организираме инклузивен проект за компјутерска графика на тема „Виртуелно Јас“. Преку компјутерска графика, децата од оваа ранлива категорија ќе бидат во можност да се претстават и да се изразат на креативен начин преку дигиталната технологија. Учество ќе земат ученици од Гимназијата „Алгоритам“, како и други училишта кои имаат инклузивни образовни програми и институции кои ги поддржуваат ранливите категории. Тргнувајќи од тоа дека технологијата брзо се развива и станува неопходен дел од нашето живеење, овој проект има за задача да покаже дека компјутерот не прави разлика меѓу корисниците и нуди неограничени можности за изразување. Охрабруваме што повеќе деца со аутизам да се вклучат и да земат учество во проектот – потенцираат од Националната галерија.

Сработените цртежите се праќаат на е-адресата [email protected] со наслов „Виртуелно Јас“, најдоцна до 20 април оваа година. Крајниот резултат од овој дигитален проект ќе биде прикажан преку изложба на пристигнатите дела во Националната галерија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 76, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-11 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот