Иницијативниот одбор: Ако Мицкоски има време да ги полни кафеаните и теретаните, мора да одвои време и за сопартијците

На 23 декември 2017 година, 376 делегати во Валандово му ја дадоа довербата на се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски да ја врати ВМРО-ДПМНЕ на победнички патеки. 

Сега е време да станеме сите заедно, ВМРО-ДПМНЕ, го очекува тоа од нас, а Македонија – нашата татковина, го бара тоа од нас. Потребен е нов елан и нова енергија “, рече Мицкоски ветувајќи дека ќе ги „прегрне” и делегатите кои не гласале за него. Овие три години Мицкоски не само што не ги обедини партиските структури и што не донесе нова енергија, туку дополнително ја раскара и подели ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се одрази на изборните резултати, а партијата од 455 000 гласови на парламентарните избори во 2016 година, падна на 315.000 гласови минатата година, велат иницијаторите на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

 Според одборот , доколку Мицкоски има време да ги полни кафеаните во Дебар Маало, теретаните или секојдневните прошетки на Водно, мора да одвои време и да се соочи со сопартијците кои му ја доверија најголемата партија на валандовскиот конгрес.

Не може молењето на Апасиев за да пие кафе со него, да биде поголем приоритет од еднодневна дискусија со луѓето од партијата кои го избрале Мицкоски. Делегатите заслужуваат да добијат очет за тоа каде отидоа „зрнцата од амбарот” кои Мицкоски ветуваше дека ќе ги собере.Доколку Мицкоски е убеден дека добро ја водел партијата и дека резултатите што ги постигнал се максимумот, тогаш нема причина да се плаши и да бега од соочување со сопартијците, додаваат од иницијативниот одбор.

 Според нив вонредниот 17 Конгрес закажан на 28 март во Скопје е добра можност за да се отвори поширока дискусија за проблемите со кои се соочуваше партијата и да се зборува за правецот кој треба да се држи во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот