Иницијативен одбор: Ако Мицкоски обезбедил мнозинство зошто ѝ остава и еден ден повеќе на власта?

Дали се точни партиските информации кои се лиферуваат по медиумите дека Мицкоски обезбедил мнозинство и доколку се точни, зошто тогаш ѝ се остава еден ден повеќе на власта доколку тоа е на штета на Македонија, прашуваат од Иницијативниот одбор во ВМРО-ДПМНЕ кој бара вонреден конгрес и отчет на партискиот лидер.

Кога станува збор за новото мнозинство, тие го прашуваат Христијан Мицкоски и кој е неговиот став на изјавите на генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, дека оваа партија нема да коалицира со некој кој не ги признава Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Овие прашања заслужуваат одговор пред делегатите на конгресот. 17ти вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток. 17. вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на соочување со грешките и пропустите и нивно надминување. 17. вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес кој ќе донесе нова енергија и верба дека партијата знае и умее да победува“, велат од Иницијативниот одбор за конгресот кој го закажаа за 28 март годинава.

Во денешното соопштение тие го обвинуваат Мицкоски и како најодговорен за тоа што партијата изгубила 150 000 гласови од парламентарните избори 2016 до изборите кои се одржаа лани во јули.

„Најодговорен за тоа е Христијан Мицкоски кој има обврска да објасни првин пред своите сопартијци сè што сработил овие три години и дали ефектот од тоа што го сработил ги задоволува неговите очекувања и претходно поставени цели“, велат од Иницијативниот одбор повикувајќи го уште еднаш да се појави на конгресот и да соочи со делегатите кои го избрале.

ВИДЕО I Коневски: Пратениците во Собранието се пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, не на Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот