Иницијатива: Детската болница Козле да се преименува во д-р Трајче Нешковски

Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) покренува иницијатива  пред раководните и одговорни органи во државата  детската болница „Козле” да се преименува во Трајче Нешковски, младиот доктор кој неодамна почина.

„Со овој чекор сакаме да ја подигнеме свеста за неговото дело, големина, заложби и пожртвуваност да помогне на пациентите и луѓето, но и на целиот здравствен систем. Сведоци сме за особеното ангажирање на Трајче Нешковски, од самиот почеток кога беше активно вклучен во работата на ковид-19 центарот во Детската болница ‘Козле‘ што дотолку повеќе ја потенцира неговата величина и го отсликува неговиот карактер и душа. Како негови колеги чувствуваме одговорност и потреба постхумно да направиме напори пред општество да ја издигнеме големината на Трајче – како благороден и хуман човек, здравствен херој, неговото дело да биде етаблирано и признаено, како во лекарската фела, така и во општеството. Да се обидеме неговото дело вечно да остане запаметено меѓу нас, предавајки го неговото наследство на идните генерации“, наведено е во петицијата.

 

Досега петицијата ја потпиша над 700 луѓе.

 

Нешковски минатиот месец при возење доживеал срцев удар и се забил во дрво на „Рузвелтова“. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во „Мајка Тереза“ каде докторите час и половина се обидувале да го реанимираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот