Иницијативата „Стоматолози обединете се“ открива: Министерот Сали во „Мериот“ отворал симпозиум на непостоечко здружение

сали фото фејсбук

Министерот Беким Сали присуствувал и отворал симпозиум на непостоечко здружение и истото го објавил на официјалната страна на Министерството за здравство, велат од Иницијативата „Стоматолози обединете се“.

икенов во хотел Мериот е организиран и одржан симпозиум од страна на таканареченото „Македонско имплантолошко здружение„ кое што не постои во регистарот на правни лица и граѓански организации при Централниот регистар на РСМ. Од објавата на официјалната страна на Министерството за здравтсво, се гледа дека министерот Сали бил присутен и го отворил симпозиумот. Симпозиумот бил акредитиран од Стоматолошката комора, каде што еден од условите за акредитација на едукативен настан согласно процедурата пропишана во Правилникот за стручнa едукација, КСУ (континуирано стоматолошко усовршување) Службен весник бр. 217 од 2020 година на којшто Правилник Министерот дава согласност е експлицитно пропишано во членот 24 дека здруженијата мора да бидат регистрирани и да поседуваат тековна состојба од Централниот регистар на РСМ – велат од Иницијативата.

Од таму додаваат дека по зачудувачки е што на фотографијата веднаш до Министерот Беким Сали кој е стоматолог по професија присутен е и претседателот на стоматолошката комора на Македонија д-р Марјан Денковски каде се издава акредитацијата за симпозиумот на таканареченото здружение.

Дрскоста отишла до таму што на рекламниот материјал, поточно на флаерите за покана на Симпозиумот (кој очигледно имал голема посетеност, бил распродаден) учесниците на симпозиумот уплатата од 2.000 или 3.200 денари ја вршеле на сметката на здружението ДДДММ од Куманово каде еден од сопствениците и потписник на жиро сметката и генерален секретар на истото здружение е токму претседателот на стоматолошката комора д-р Марјан Денковски од Куманово. Повеќе пати дел од здруженијата на стоматолози реагираа и поднесоа барање до Министерот Сали да изврши надзор во комората кој согласно со Законот за здравствена заштита е овластен да врши надзор на јавните овластувања на коморите и предочено е дека има злоупотреби посебно во делот на јавните овластувања на континуираната едукација во стоматологијата и организирањето на акредитирани настани од нерегистрирани здруженија, а за судирот на интереси на самиот претседател на стоматолошката комора, ДКСК ги има информирано и самото Министерство за здравство и МВР и наместо Министерот Сали да ги одземе јавните овластувања поради злоупотреби од страна на здружението ДДДММ од Куманово и претседателот на стоматолошката комора согласно Законот за здравствена заштита, тој лично им отвора симпозиум – велат од Иницијативата „ Стоматолози обедеинете се“ и прашуваат дали е на повидок нов скандал во здравството.

Сали: Што да коментирам за тројца „амбициозни“ за тендери?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот