Индонезија: Затворени училишта и аеродром поради пожари и чад

Властите го затворија аеродромот на островот Суматра во Индонезија поради слабата видливост предизвикана од зголемувањето на чадот во областите погодени од пожарите.

Претставникот на аеродромот Јоги Прасецио изјави дека многу авиокомпании ги одложиле летовите поради флуктуациите во видливоста, која понекогаш изнесува само 300 метри.

Индексот на загадување на воздухот достигна опасно ниво во провинциите Риау и Џамби, поради што голем број училишта се затворени за да ги заштитат децата од густата и штетна магла.

Според податоците на здравствените канцеларии во двете провинции, повеќе од 300.000 луѓе имале проблеми со респираторни заболувања откако почнаа пожарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот