Фото: МИА / архива

Инцидент во викендичка во Беровско: Насилник тешко повредил момче, го удрил со стаклено шише

Малолетно момче од Македонска каменица е тешко повредено откако во викендичка во беровското село Русиново, 25-годишен жител на селото го удрил со стаклен предмет, соопшти МВР.

„Вчера во 08:15 часот во село Русиново, беровско, полициски службеници го лишија од слобода Ј.К.(25) од с.Русиново, постапувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во селото, по претходна расправија, со употреба на стаклен предмет нападнал малолетник од Македонска Каменица, при што му нанел тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот