ИМАТЕ ПРОМЕНЛИВ МЕСЕЧЕН ЦИКЛУС? Зошто некогаш е поднослив, а некогаш крајно ужасен?

влошки циклус менструација
Фото Профимедиа

Како и за сè друго во животот, така и менструалните циклуси на жените им се променливи и хаотични и не можат да им го фатат редот.

Речиси и да не постои девојка или жена која може да претпостави што ќе се случува следниот месец. Можеби овој поминал без потешкотии, болки, лесно крварење и само по некоја акна на лицето, но веќе следниот може да биде спротивен на овој.

Но, како што веќе претпоставувате, ништо во вашето тело не се случува случајно и секако, што и да се случи, тоа зависи од животниот стил, исхраната и хормоналниот баланс.

ПМС е состојбата што се случува кога естрогенот и прогестеронот го достигнуваат „врвот“ во деновите пред да почне крварењето. Естрогенот е одговорен за проблемите со варењето, промените во спиењето, главоболките, промените во расположението, па дури и за грутките кои може да се појават во тој период. Прогестеронот, пак, стои зад вашите хормонални „изливи“, желбите за храна, иритираноста, вртоглавиците и чувствителноста во градите.

Чувството е исто како играње со јо-јо. Не знаете кој хормон ќе издоминира, ниту пак како да се справите со она што следува.

ОТВОРЕТЕ ОЧИ: 3 јасни знаци дека нешто не е во ред со вашиот месечен циклус

Но, како што веќе претпоставувате, причините може да бидат овие:

Лоши навики за спиење

Напливот на хормони за време на ПМС и циклусот можете да го неутрализирате ако во меѓувреме успевате доволно да спиете и да имате квалитетен ноќен сон. Недостатокот на сон предизвикува нарушувања во хормоналниот баланс и кога не сте во ПМС или циклус, а тоа може да биде и причина зошто се чувствувате поразлично од претходниот пат.

Јадење процесирана храна

Ако процесираната храна е премногу застапена во вашата исхрана, сосема е очекувано и вашето тело да реагира на тоа. Чипсовите, чоколадите, колачите, покрај сол и шеќер, содржат и многу адитиви, кои во големи количини се вистински отров за вашиот организам.

Постојан стрес

Обидете се да останете смирени, бидејќи стресот е еден од најголемите причинители на нарушување на хормоналниот баланс. Секако, не можете да направите стресот да исчезне, но можете да се потрудите да го смените начинот на кој се справувате со него.

УРНЕБЕСНИ ИЗЈАВИ на мажи за женскиот репродуктивен систем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот