Имате проблем со суви усни? Едноставен трик како да ги сокриете зад карминот!

Усните се сметаат како сензуален дел од телото, па нивното нагласување може да направи жените да изгледаат попривлечно за спротивниот пол.

Но, што кога ќе се соочите со суви усни, при што секое нанесување кармин ви изгледа како мало измачување?

И покрај тоа што купувате различни балсами за усни, постои уште еден трик кој се покажал како многу покорисен. Сe што ви е потребно е мала крпа и вашата крема за очи.

Еве што да направите: Ставете ја крпата под топла вода, па со нежни кружни движења измазнете ја површината. Потоа, со показалецот ставете малку крема, количина со големина колку едно зрно грашок. Допирајте со прстот до усните се додека тие не ја апсорбираат. На крај, нанесете го омилениот кармин.

Овој метод е корисен затоа што кремата за очи содржи хидратантни состојки и е помалку мрсна од балсамот, така што ќе резултира со подолго траење на карминот.

Сепак, продолжете паралелно и со користење балсам и пијте многу повеќе вода, со цел побрзо да ги освежите усните и да се ослободите од овој здодевен проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот