Имате ладни стапала? Лекарите ги наведоа овие пет болести како причина за тоа

Фото: Pxhere

Нема ништо необично во тоа што стапалата ви се ладни во текот на зимата, но ако сте забележале дека често ви требаат подебели чорапи или да повлечете ќебе преку нозете за да ги загреете стапалата, можно е проблемот да лежи во нешто друго, а не во студените зимски температури.

Хроничните студени стапала се поврзани со неколку различни здравствени проблеми, а доколку имате и други проблеми освен студени стапала, треба да го посетите вашиот лекар за да дознаете за што точно станува збор.

Хипотиреоза

Студените стапала може да сигнализираат дека можеби имате проблем со тироидната жлезда.

„Тироидната жлезда е важен дел од метаболичките функции во нашите тела“, вели лекарката за итна медицина Кели Џонсон-Арбор.

Ако стапалата често ви се ладни, тоа може да укажува дека вашата тироидна жлезда можеби не произведува доволно хормони. Ова се нарекува хипотиреоза, која е позната и како намалена активност на штитната жлезда, објаснува лекарката.

Освен студените стапала, луѓето со овој здравствен проблем може да почувствуваат и други симптоми како што се замор, зголемување на телесната тежина и нетолеранција на ниски температури.

„За среќа, болеста на тироидната жлезда може лесно да се дијагностицира со едноставен тест на крвта. Лекувањето, кое најчесто вклучува доживотна примена на хормон на тироидата, може да помогне да се намалат или елиминираат знаците и симптомите на хипотиреозата“, додава Џонсон-Арбор.

Дијабетес

Дијабетесот, исто така, може да биде одговорен за студените стапала. Дејвид Бити, општ лекар од Британија, вели дека студените стапала може да бидат знак дека имате дијабетес.

Кај дијабетичарите постои голема веројатност да развијат периферни васкуларни болести, состојба во која „артериското снабдување со крв на екстремитетите е намалено или, во екстремни случаи, целосно блокирано“, објаснува Бити.

„Освен тоа, мастите, холестеролот и другите материи создаваат наслаги (плакови) кои ги затнуваат артериите, намалувајќи го дотокот на крв во стапалата. Како последица на тоа, може да се оштети циркулацијата во екстремитетите“, додава Бити и објаснува дека тоа резултира со студени стапала. Покрај студените стапала, кај периферните васкуларни болести може да се појават и други симптоми – личноста може да биде ладна на допир или може да биде многу бледа.

Анемија

Кели К. Мидлтон, лекар и ортопед, наведува дека постојаното чувство на студ е поврзано и со анемија (слабокрвност), состојба која се појавува поради недостаток на железо или витамин Б-12. Лекарката додава дека луѓето со анемија може да имаат и други симптоми како што се замор, бледа кожа и чукање на срцето.

Џонсон-Арбор вели дека анемијата се појавува кога бројот на црвени крвни зрнца во вашето тело се намалува.

„Црвените крвни зрнца пренесуваат кислород до ткивата во целото тело. Кај анемичните пациенти, лошата циркулација е резултат на недостаток на доставување кислород во ткивата“, објаснува таа.

Проблеми со белите дробови

Респираторниот терапевт Џон Ландри рекол за „Бест лајф“ (Best Life) дека студените стапала може да вклучуваат неколку проблеми со белите дробови, вклучително и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), белодробна хипертензија и белодробна емболија. Ако некое лице има ХОББ и белодробна хипертензија, освен студените стапала, може да забележи и симптоми како отежнато дишење, замор, болки во градите и стегање во градниот кош.

Слични симптоми се појавуваат и кај белодробната емболија, а во тој случај може да се појават и забрзани отчукувања на срцето. Бидејќи се работи за сериозна здравствена состојба која може да доведе до создавање згрутчувања во белите дробови, ако ги забележите овие симптоми, веднаш треба да се јавите кај вашиот лекар.

Труење

Џонсон-Арбор додава дека студените стапала може да укажуваат и на труење од контаминирана риба. Тоа се претежно тропски видови риби, а освен студени стапала може да се појават и симптоми како гадење и болки во стомакот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот