ИМАЛ 500 ЉУБОВНИКА ЗА СЕДУМ ГОДИНИ: Таа била ЕДИНСТВЕНАТА ЖЕНА со која Џорџ Мајкл сакал страстна ноќ (ФОТО)

профимедиа

Близок пријател на починатиот пејач Џорџ Мајкл откри пикантерии од неговиот приватен живот.

Пирс Морган, еден од уредниците на Дејли Мејл, во својата колумна откри дека еден негов близок пријател – починатиот пејач Џорџ Мајкл – во текот на една приватна вечера во Лондон имал необичен „испад на искреност“.

Пејачот кој почина на крајот на 2016 година, откри тогаш пред сите присутни дека во текот на седум години имал дури 500 љубовника.

Џорџ Мајкл наводно цела ноќ говорел за своите љубовни авантури и го засмевал друштвото со анегдоти. Меѓу останатите, Морган се уште ја памети приказната на Мајкл за францускиот жиголо кој го уценувал пејачот. Пејачот не им открил на присутните како таа приказна се завршила но низ насмевка кажал: „Заборавив да му платам!“

Морган истакна дека го познавал починатиот пејач прилично добро, благодарение на бројните интервјуа и контактите преку мејл, но ништо не можело да го подготви за таквиот „испад на искреност“. Џорџ беше свесен за тоа и објасни поради што не сакал да ја сокрие својата интима:

„Одлучив едноставно да признаам се за никој подоцна да не може да открива работи за мене“, изјавил пејачот.

Меѓутоа, иако беше деклариран хомосексуалец, Џорџ Мајкл истакнал дека, доколку би спиел со жена, тоа би била холивудската дива Елизабет Тејлор.

Мајкл и беше близок пријател на легендарната Лиз, а во 1992 година настапи на добротворниот концерт на нејзината фондација за борбата против сидата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот