Им донираат илјадници долари поради него: Дрејк ги направи славни овие деца од Африка! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Танцувачкиот предизвик „Toosie Slide“ на раперот Дрејк донесе многу радоста за време на пандемијата од коронавирусот, а тој го искористи да им помогне на афричките деца да станат вирални со своите движења.

Имено, Масака племето кое се состои од сирочади од Уганда, кои имаат луди танцувачки движења и вештини, ја објавија нивната верзија на „Slide“ предизвикот во петокот на пладне.

Кога раперот Дрејк го објави ова видое на неговиот профил на Инстаграм, интернетот експлодираше, како и популарноста на Масака децата.

Суна Хасан, основач на организација која се грижи за тие деца за странските медиуми изјавила:

– Децата сакаа да учествуваат во предизвикот, бидејќи ја сакаат ова песна и се надеваа дека Дрејк ќе ги забележи, иако е втора снимка – рекла таа.


Децата веднаш станаа популарни на Тик Ток, Твитер и Инстаграм, а тоа Дрејк го забележал ѝ испратил порака на Сузан за да ја праша дали може да го објави видеото со децата на неговите социјални мрежи.

Таа прифатила и останатото е историја…

Хасан открила дека децата плачеле од среќа и дека наредниот ден тоа го прославиле со многу повеќе танц.

Масака децата на Инстаграм наеднаш ги заследија 120.000 следбеници и примија илјадници долари донација од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот