Им дал 100 евра за да НЕ му го поправат телефонот: Кажете ѝ на жена ми дека не може да се поправи (ФОТО)

Модерната технологија има тенденција да уништи многу бракови и врски, особено оние во кои едниот партнер прави нешто недозволено. Во мобилните телефони луѓето чуваат сè и сешто што во извесни ситуации може да се употеби и против нив.

Тоа најдобро го знае и неименуваниот маж кој бил подготвен да даде великодушен „бакшиш“ само да не му го поправат телефонот.

Нему воопшто не му се допаднала идејата за поправање на телефонот. Го оставил во сервис, заедно со „бакшишот“ и една молба.

„Ве молам кажете ѝ на жена ми дека телефонот не може да се поправи. Таа сака да ја види листата на повиците. Oвие 100 евра се за вас. Благодарам“, напишал во пораката.

?

Publiée par Korisno je znati sur Samedi 7 décembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот