Илјадници луѓе се собраа во Сомбор – српскиот град во кој паднаа првите НАТО – бомби, но и првиот човечки живот

Илјадници луѓе се собраа во српскиот град Сомбор на годишнината од бомбардирањето на Србија од НАТО-алијансата.
На одбележувањето на Денот на сеќавањето, во Сомбор со почеток во 18:00 часот, ќе присуствуваат голем број граѓани, патријархот Порфириј, претседателот на Република Српска Милорад Додик, пратеници во Собранието на Србија, министри во Владата на Србија и Република Српска, објави Новости.
Сомбор беше градот во кој паднаа првите бомби.
Еден од првите крстосувачки ракети истрелани кон тогашна СР Југославија го погоди воениот аеродром Сомбор во вечерните часови на 24 март, во 19 часот и 55 минути, пет минути пред официјално закажаното време за почеток на НАТО нападите врз СРЈ.
Аеродромот беше нападнат уште еднаш истата вечер и во таа прилика беше убиен припадник на тогашната југословенската армија.