Илија Димовски: Не се сликавме, наше е да го штитиме изборниот процес од тие што се сликаа

Илија Димовски / Утрински брифинг
Илија Димовски / Утрински брифинг

На заедничката фотографија од преодната Влада го немаше кадарот од ВМРО-ДПМНЕ, а тие не дојдоа ни на приемот кај претседателот Стево Пендаровски.

Министрите од ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да се сликаат на заедничката фотографија

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој гостуваше во „Отвореното студио“ на ТВ21 на новинарското прашање зошто постапија така одговори: „Нашата улога е да го штитиме изборниот процес од оние другите кои што се сликаа. За да нема злоупотреби. затоа постои Пржинската влада“.

Во емисијата гостуваше и Андреј Петров од СДСМ кој одговараше на прашањето со кого би коалицирале социјалдемократите.

– СДСМ е веќе во коалиција со партнери со кои е логично да продолжи да биде во коалиција и понатаму, затоа што се донесоа многу тешки одуки за кои некој требаше да го подметне грбот, затоа што се знаеше дека се тоа непопуларни одлуки, но и затоа што државата е демократизирана, затоа што се срушија и етничките табуа – ние денеска го имаме господинот Талат Џафери за технички премиер. Тоа што ние треба да направиме заедно, е што побрзо да ја внесеме земјава во Европската Унија – рече Петров.

Димовки рече дека најлесно би им било да коалицираат со ДУИ, но време е интегративците да заминат во опозиција.

– Ако ВМРО-ДПМНЕ бира со кого да коалицирала, најлесно би коалицирала со ДУИ, затоа што кај ДУИ инетересот би бил да се заштити од криминалите што ги правеле до сега. Но сметам дека е дојдено времето и ДУИ и СДСМ да одат во опозиција – рече Димовски.

Тој рече дека ниту една политичка партија која е анти-ЕУ нема да биде дел во идниот парламентарен состав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот