Илхан Ќучук: Потребен е национален консензус во Македонија, потрагата по непријателот не ја води кон ЕУ

Илхан Ќучук, бугарски пратеник во Европскиот парламент/Фото: Скриншот/БГНЕС

Разбирањето на проблемите на земјите од Западен Балкан, нашето искуство и експертиза би биле корисни за самата Европска Унија. Наш национален интерес е регионот на Западен Балкан да се поврзе со Бугарија. РС Македонија треба да гради мостови, а не ѕидови, бидејќи ѕидовите водат кон омраза, изјави бугарскиот европратеник Илхан Ќучук и лидер на европските либерали во интервју за агенцијата БГНЕС.

Во неговиот мандат во заминување од ЕП, Ќучук беше известувач за напредокот на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

„Сè уште посакувам да има национален консензус во Северна Македонија, бидејќи во потрагата по непријателот не се решава ниту еден проблем, ниту се дава перспектива за РСМ кон ЕУ. Градењето ѕидови меѓу соседите е погрешна политика која создава омраза, а градењето мостови е добра и правилна политика која отвора можности“, смета Илхан Ќучук.

Европратеникот е дециден дека сите заедно треба да одиме во обединета ЕУ.

„И сега граѓаните на Северна Македонија треба да го направат својот избор, дали да дадат поддршка на оние што ќе ги повлечат назад, ќе ги одведат од ЕУ, дали се подготвени да ја платат таа цена или да дадат конкретна, фокусирана поддршка на оние што ги сакаат да ги водат напред, а со тоа напред разбирам добрососедство и пријателство со соседите. Без ова не може да има ЕУ“, категоричен е европратеникот од групата АЛДЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот