Илегална плантажа со марихуана вредна милијарди долари пронајдена во близина на Лос Анџелес

фото: EРА, Gerard Damoiseaux

Калифорниската полиција откри огромна нелегална плантажа со марихуана во близина на Лос Анџелес, која при улична продажба би донела милијарда долари. Досега е уапсено 131 лице, јави Ен-Би-Си.

Од канцеларијата на шерифот соопштија дека операцијата, при што се запленети 16 тони марихуана, трае веќе десет дена и продолжува со ангажман на стотици полицајци.

Тоа е толку голема плантажа, што полицијата досега уништи само 205 од околу 500 пластеници и собра само околу 40 проценти од вкупната количина марихуана што се одгледува таму, а заплените и уништувањето продолжуваат.

Полицијата само соопшти дека насадот е „поврзан со банди за трговија со дрога”.

Гласачите во американската држава Калифорнија легализираа марихуана за „рекреативни потреби” во 2016 година, а легалната продажба започна во 2018 година.

Сепак, откриената плантажа што ја чувале вооружени лица на банди е нелегална, скриена длабоко во ридовите на пустинска област и се наводнувала со украдена вода од мрежата на противпожарни хидранти и диви бунари. Според властите биле користени и забранети, отровни хемикалии за насадите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот